24фудбал

Кога Рајола не бил на преговорите, Халанд му рекол на Солшер дека сака да игра за Манчестер јунајтед

Ерлинг Халанд им рекол на Оле Гунар Солшер и Ед Вудвард дека сака да потпише за Манчестер јунајтед во јануари, но тоа не се случило.

Англија

Халанд долго време се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но стави потпис на договор со Борусија Дортмунд и ги изненади сите.

Новинската агенција, „Атлетик“ тврди дека Халанд сакал трансфер во Манчестер јунајтед.

Според нив, на 13 декември Халанд се сретнал со Солшер и Ед Вудвард и им кажал дека има желба да потпише за Манчестер јунајтед, но наеднаш се предомислил и се договорил со Борусија Дортмунд.

На средбата на која Халанд им изјавил „љубов“ на претставниците на Јунајтед не бил неговиот агент Мино Рајола.

Се претпоставува дека тој го предомислил Халанд да потпише за Јунајтед бидејќи не е во добри односи со англискиот клуб од каде сега сака да го извади Пол Погба.

Рајола во последно време постојано вербално се препукува со Јунајтед, очигледно му подготвува трансфер на Погба надвор од Англија.