24фудбал

Во Борусија Дортмунд им требаа само 18 дена да решат во целост да го купат Џан

Борусија Дортмунд вечерва соопшти дека ќе ја искористи опцијата во целост да го купи Емре Џан од Јувентус, Германецот ќе биде обврзан кон „милионерите“ до 2024 година.

Германија

Во последниот ден од зимскиот преоден рок, Емре Џан се пресели во Борусија Дортмунд на позајмица до крајот на сезоната за која Јувентус доби 1 милиони евра. Клубот од Сигнал Идуна Парк исто така превзеде обврска во целост да го купи играчот доколку се остварат одредени цели за 25 милиони евра, сума која ќе биде платена на три рати.

Но само 18 дена подоцна, „милионерите“ решија да го направат перманентен престојот на Емре Џан во Бундеслигата. Нејасно е дали веќе се исполнети целите предвидени во договорот или пак лидерите на Борусија решиле порано од предвиденото да ја искористат опцијата.

Целиот трансфер официјално ќе се реализира на 1. јули, а Емре Џан ќе се обврзе кон Борусија Дортмунд до 30. јуни 2024.