24фудбал

Халанд не е нормален, два пати го стресе ПСЖ и испиша нова историја во Лигата на шампиони! (ФОТО)

Ерлинг Халанд во моментов е незапирлив, младиот напаѓач два пати го стресе ПСЖ и испиша нова историја во Лигата на шампиони, Норвежанецот стигна до бројката од 10 погодока на само седум меча.

Лига на Шампиони

По трансферот во Дортмунд во јануари, Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма и собори неколку рекорди во Бундеслигата. Тој погоди на дебито во првенството на Германија, на дебито во Купот на Германија, па очигледно и вечерва не можеше да биде поинаку и погоди на дебито за „милионерите“ во Лигата на шампиони.

И не само тоа, Ерлинг Халанд да пати го стресе ПСЖ, особено атрактивен беше вториог гол кога ја „искина“ мрежата на гостите.

Со овие два гола, тој испиша и нова историја во Лигата на шампиони, сега има 10 погодока во најелитното европско натпреварување и до оваа бројка стигна за само 7 натпревари, или четири натпревари помалку од било кој друг фудбалер.