24фудбал

Шоу на Халанд за победа на Дортмунд, Атлетико Мадрид ја доби првата битка со Ливерпул (ВИДЕО)

Со два гола на Халанд, Борусија Дортмуна го победи ПСЖ со 2-1, Атлетико Мадрид со 1-0 славеше над актуелниот шампион Ливерпул.

Лига на Шампиони

Борусија Дортмунд со еден гол предност ќе патува на гостувањето во Париз, а затоа е заслужен Халанд.

Во првото полувреме не само што немаше голови, туку немаше ниту добри шанси на двете страни.

Работите се променија од 69. минута кога Халанд постигна гол за водство на Борусија Дортмунд од 1-0.

Само шест минути подоцна по асистенција од Мбапе, Нејмар го изедначи резултатот на 1-1.

Но во 77. минута Халанд испука неверојатна бомба за победа на Дортмунд од 2-1.

Ова беше десети гол на Халанд оваа сезона во Лигата на шампионите, во групната фаза постигна осум за Салцбург.

Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Ливерпул кој гостуваше на Ванда Метрополитано, стадионот каде лани станаа Европски шампиони.

Единствениот гол беше постигнат уште во четвртата минута кога во една мешаница по корнер најдобро се снајде Саул Нигез и реализиаше за предност и победа од 1-0 за Атлетико.

Ливерпул се обидуваше да го израмни резултатот, но тешко ја пробиваше одбраната на домаќините.