24фудбал

Симеоне: Никогаш не сум видел ваков пречек, почнавме да победуваме уште на раскрсницата пред стадионот! (ВИДЕО)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги пофали навивачите на Атлетико за атмосферата која ја креирале, вели дека почнале да победуваат уште на раскрсницата пред стадионот.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид вечерва го фрли на колена актуелниот европски шампион и го совлада со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. „Колчонероси“ рано поведоа со голот на Саул и потоа умешно одолеваа на сите напади на Ливерпул.

„Очекував ваков натпревар, игравме против многу силен противник, но одговоривме на предизвикот. Започнавме одлично и потоа одигравме како што требаше, можевме да имаме и поголема предност доколку искориствме некоја од шансите кои ги креиравме“ – вели Диего Симеоне.

„Почнавме да победуваме кога свртевме на раскрсницата која не носи право кон стадионот. Пречекот на фановите беше импресивен. Осум години сум тука и никгоаш не сум видел вакво нешто“.

„Нашава победа ништо не значи, шансите за прогрес ни се исти како и на почетокот од двомечот, Ливерпул знае како да игра големи натпревари пред своите фанови“.