24фудбал

Клоп се пожали на една „валкана“ тактика на Симеоне

Предводникот на европскиот првак, моментално лидер во „Премиерлигата“, порача дека ништо не е загубено, а на противникот му посака „Добредојде на Енфилд“, алудирајќи на тоа дека Атлетико Мадрид го очекува пеколна атмосфера на познатото фудбалско здание.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид ја доби првата битка пред своја публика во предвидениот двомеч со бранителот на европската титула Ливерпул, „Јорганџиите“ синоќа славеа минимално во осминафиналето, меѓутоа сигурно дека ги чека голем предизвик на реваншот на „Енфилд“.

Шефот на стручниот штаб на „Редсите“, Јирген Клоп се пожали дека шпанскиот прволигаш имал „валкана“ тактика во синоќешната пресметка, наведувајќи дека домаќинот играл на картата Садио Мане да добие исклучување.

Тоа е дел од фудбалот, меѓутоа мене вакви работи воопшто не ми се допаѓаат, јасно беше дека посакуваат да го видат Садио вон теренот со тоа што изнудуваа опомени кон него“ рече германскиот фудбалски стратег по мечот, а што се однесува до Сенегалецот, тој беше повлечен од игра дури на полувремето.

Се плашев дека неговиот противник целосно ќе профитира доколку Садио земеше длабок здив“ додаде Клоп, алудирајќи на тоа дека самиот се плашел од едно такво сценарио во кое Мане би заработил и втор жолт картон на мечот.

Мане првиот жолт картон го заработи во 40. минута, а беше повлечен од игра уште на стартот од вториот дел од пресметката на „Ванда Метрополитано“.