24фудбал

Чудесниот спринт на Халанд кој за само 30 стотинки „задоцни“ до светскиот рекорд (ВИДЕО)

Норвежанецот синоќа имаше нова блескава партија во дресот на Борусија Дортмунд, клуб во кој сигурно се пронајде себе си, а нема дилеми дека донесе голема одлука во својата кариера потпишувајќи за Бундеслигашот.

Лига на Шампиони

19 годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд не чекаше многу за да почне да ги импресионира фановите на Борусија Дортмунд, па синоќа проследивме уште една блескава партија од него, откако запиша два погодоци во победата од 2-1 над ПСЖ во првата пресметка помеѓу обете екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Чудесниот Норвежанец освен тоа што ги постигна двата гола за „Милионерите“, имаше и еден импресивен, а воедно и чудесен спринт кој беше мошне близу до светскиот рекорд во таа атлетска дисциплина.

Халанд не е нормален, два пати го стресе ПСЖ и испиша нова историја во Лигата на шампиони! (ФОТО)

Халанд во една контра на Борусија Дортмунд, истрча 60 метри спринт за само 6,64 секунди, што беше за само 30 стотинки побавно од светскиот рекорд поставен од американскиот спринтер Кристијан Колмен, кој во истата далечина има истрчано спринт за 6.34 секунди.