24фудбал

Со овој коментар, Пике отвори ново поглавје во контроверзната ситуација во Барса (ФОТО)

Нема дилеми во тоа дека има „тивка војна“ зад сцените во Барселона, а тоа секако дека допира и до фудбалерите, јасен е карактерот на Пике кој ретко молчи на теми кои ја разбрануваат јавноста.

Шпанија

Голем скандал го тресе тимот на Барселона, поточно од највисокиот врв во клупските простории, откако беше обелоденето дека клубот ангажирал ПР агенција која требало да го чисти образот на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и неговите соработници, а да го оцрнува лицето на сегашни и поранешни членови на клубот.

СЕР објави досие од 35 страни за „Барсагејт“, Бартомеу се огласи: Лага е дека сме плаќале за луѓе да бидат оцрнети

Од „Камп Ноу“ брзо негираа дека постои такво сценарио, меѓутоа „СЕР“ излезе со досие на 35 страници, а сега Капитенот на Каталонците, Жерард Пике, кој е познат по тоа што ретко се решава да молчи по прашања кои ја разбрануваат јавноста по повеќе теми, имаше еден доста дискутабилен коментар на социјалните мрежи.

Марионета“, беше коментарот на Пике на една објава на Марчал Љоренте, кој според „Кадења Сер“ е новинар, многу близок во своите ставови до раководството на Барселона, a неговата објава инаку содржеше поддршка за раководството на Каталонците.

Долги години ги познавам луѓето од Барселона и членовите на клубот, и за среќа не може лесно да се манипулура со нив, тие се интелегентни и перфектно знаат да ги иденфикуваат оние кои ги користат медиумите, политичките и економските интереси, за да и наштетат на Барса“ стоеше во објавата на новинарот.

Инаку Бартомеу лично имаше состанок со четворицата капитени во Барселона, вклучувајќи ги Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пике и Серхи Роберто, но, извесно е дека не наишол на поддршка од нив, откако ги убедувал дека лажни се вестите за скандалот.

Претстојниов петок ќе следи и состанок на бордот на директори во Барселона, со тоа што Бартомеу ќе се соочи со уште поголем притисок, ако се земат во предвид известувањата од „АС“ кои наведуваат дека таму атмосферата е тензична.