24фудбал

Нејмар: ПСЖ се плашеше да ме игра

Бразилскиот фудбалер беше надвор од теренот извесно време, но не по своја желба.

Лига на Шампиони

Нејмар открива дека ПСЖ се плашел да го игра во изминатите неколку кола иако тој сакал да биде на теренот.

Нејмар пропушти неколку натпревари за ПСЖ поради повреда. Клубот и лекарите одлучиле да не игра на тие мечеви иако тој сакал.

Беше неизвесен и за дуелот со Дортмунд, но играше од првата минута и го постигна единствениот гол за неговиот тим.

„Не беше моја одлука да не играм на последните натпревари. Сакав да играм, се чувствував добро. Клубот се плашеше и јас страдав од таа одлука. Клубот заедно со докторите одлучија да не играм на тие натпревари“, открива Нејамр.

„Имавме доста дискусии за тие одлуки бидејќи јас секогаш сакам да играм. Но клубот се плашеше да не се повредам. Донекаде ги разбирам бидејќи во минатото имав проблеми со повреди и пропуштив важни натпревари. Ја почитувам одлуката на клубот“.

„Што се однесува до мечот. Мислам дека имавме посед, но немавме интензитет и активност во нашата игра. Пропуштивме многу топки“.

„Примивме два гола на мали детали кои знае како да ги искористи напаѓач како Халанд со вистински сенс за гол. Тој можеби не е многу присутен на мечот, но кога ќе добие топка знае да ја смести во голот. Важно е што и ние дадовме погодок“.