24фудбал

Мората: Освен Ливерпул, постои уште еден голем фаворит за ЛШ, не сакам повторно да се сретнеме

Напаѓачот играше се' до 70. минута синоќа во минималниот триумф над бранителот на европскиот трофеј, а посакува до самата завршница неговиот тим да избегне еден од главните фаворити за титулата сезонава.

Лига на Шампиони

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората тврди дека Јувентус е еден од најголемите фаворити за освојување на европската титула сезонава, а воедно Шпанецот се надева дека неговиот тим ќе го избегне италијанскиот првак во случај да прогресира во идната фаза од тоа натпреварување.

Атлетико Мадрид синоќа славеше минимална победа над бранителот на европската титула Ливерпул пред своја публика во првата пресметка помеѓу обете екипи во осминафиналето, а „Јорганџиите“ во групната фаза беа во друштво на Јувентус, имаа едно реми, како и еден пораз.

Мислам дека Ливерпул и Јувентус се најдобрите во моментов, преферирам да не се сретнеме со Јувентус во случај да продолжиме понатаму во Лигата на шампионите“ рече Мората за „Скај Спорт Италија“.

Генерално гледано, Јувентус, Ливерпул и ПСЖ се помеѓу главните фаворити, меѓутоа ништо не е сигурно во ова натпреварување“ додаде Шпанецот кој инаку е поранешен член на Јувентус.

Атлетико Мадрид реванш пресметката со Ливерпул ја игра на 11 март, а на „Енфилд“ патува со минимална победа пред своја публика, што се однесува пак до Јувентус, италијанскиот првак идната среда ја игра првата пресметка против Олимпик Лион.