24фудбал

Интер покрај Лукаку сака уште две белгиски ѕвезди

Антонио Конте сака да донесе уште фудбалери од Белгија во својот тим, целта е Дрис Мертенс и Јан Вертонген да ги потпишат во летниот преоден рок.

Италија

Договорите на Мертенс и Вертонген истекуваат по крајот на оваа сезона, Интер сака да го искористи тој момент и да ги донесе во своите редови како слободни играчи.

„Калчомеркато“ пишува дека веќе е остварен контакт меѓу Интер и Мертенс. Клубот ќе му понуди поголема плата отколку таа што ја добива во Наполи иако има 32 години.

„Кориере дело Спорт“ открива дека Интер е заинтересиран и за Јан Вертонген во кој гледаат замена за Диего Годин ако тој го напушти клубот на лето.

Адут во привлекувањето на Мертенс и Вертонген може да биде Ромелу Лукаку кој игра во фантастична форма. Со ангажирање на овие двајца играчи, би се формирала мала белгиска колонија во Интер.