24фудбал

Гвардиола го прекина молкот по суспензијата од УЕФА: Доколку не ми врачат отказ...

Шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“ се одзва по одлуката на УЕФА да го суспензира составот на Манчестер Сити на две години во настапите во европските натпреварувања.

Англија

Манчестер Сити доби двегодишна суспензија за настап во европските натпреварувања, па останува само како ќе тече постапката во периодот кој претстои со тоа што на англискиот првак му преостанува со жалба да се обиде да издејствува во своја корист.

Шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола извесен период се поврзуваше со клупата на Јувентус, а одлуката од УЕФА многумина ја видоа како дефинитивна преселба на Каталонецот во Торино, меѓутоа тој тврди дека ќе остане во Манчестер.

Доколку тие не ми врачат отказ, а тоа може да се случи, јас ќе останам тука, 100%. Прво, поради тоа што сакам да останам, а тоа е нешто посебно за мене, повеќе од самиот договор кој го имам, сакам да останам и да продолжам да му помагам на клубот да се искачи на највисокото можно ниво“ рече Гвардиола по синоќешната победа над Вест Хем на домашен терен во Премиерлигата со 2-0.

Процесот се уште не е комплетиран, клубот верува дека ова е некоректен процес, ние ќе имаме и жалба на одлуката, ќе сочекаме на конечниот епилог. Сешто можеме на теренот е всушност тоа што го сторивме изминатите четири години, да се обидеме да победуваме на натпреварите, а за другото ќе чекаме, 100% му верувам на клубов за тоа што го сторил досега, тие ми ги објаснија причините за сево ова, па сега ќе сочекаме да видиме што ќе се случи“ додаде Гвардиола.