24фудбал

Меси за скандалот во Барселона: Сево ова ми изгледа на еден доста чуден проблем

Првата ѕвезда на Каталонците во интервју за „Мундо Депортиво“ говореше за скандалот кој го тресе тимот на Барселона од највисокиот врв на раководството, се одзва и на шпекулациите кои го селат од „Камп Ноу“ по најновите случувања во клубот.

Шпанија

„Тивка војна“ владее во Барселона, надвор од очите на јавноста, а таа кореспондира со скандалот кој ги стресе Каталонците, откако беше обелоденето дека клубот ангажирал ПР агенција која требало да го чисти образот на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и неговите соработници, а да го оцрнува лицето на сегашни и поранешни членови на клубот.

СЕР објави досие од 35 страни за „Барсагејт“, меѓутоа Бартомеу демантираше и наведе дека тоа е лага, а освен тоа, првиот човек на Каталонците имаше и состанок со четворицата капитени на Барселона на кои им укажувал дека нема ништо вистина во сето тоа, но прашање е колку тие му веруваат на зборовите.

Во интервју за „Мундо Депортиво“, капитенот и прва ѕвезда во составот на Барселона, Лионел Меси говореше отворено за случувањата во тимот од „Камп Ноу“ по избивањето на скандалот.

Вистина е дека јас сум изненаден од целата оваа ситуација, не бев тука и патував, меѓутоа кога се вратив дознав само малку во однос на сите случувања поради краткиот временски период. Претседателот ни го кажа истото што го кажа и за медиумите, истото што го кажа и на пресконференцијата“ вели Меси.

Ова е една чудна ситуација, вистина е дека јас сум зачуден доколку навистина такви работи се случиле, меѓутоа ни рекоа дека има докази за сето тоа, не можеме да кажеме ништо повеќе од ова, освен да сочекаме да видиме каков ќе биде епилогот, за мене, сево ова ми изгледа на еден доста чуден проблем“ додава Аргентинецот чија иднина на „Камп Ноу“ за момент стана неизвесна по сите случувања, како и претходната караница со спортскиот директор на клубот Ерик Абидал, меѓутоа тој вели дека нема ништо од сето тоа.

Веќе неколку пати наведов дека мојата идеја е да останам тука онолку колку што клубот и луѓето го посакуваат тоа од мене, нема никаков проблем во сево ова, тоа е мојата идеја, да останам во клубот, посакувам уште некоја титула во Лигата на шампионите, истото го посакувам и во шпанското првенство“ заклучи Меси.