24фудбал

Му пресуди на Тотнем, а потоа „флертуваше“ со Ливерпул (ВИДЕО)

Напаѓачот на германски Лајпциг извесен период се поврзува со трансфер во Ливерпул, а таму наводно котира високо на листата на желби кај предводникот на „Редсите“, Јирген Клоп.

Германија

Тимо Вернер е еден од најпосакуваните напаѓачи на европскиот трансфер пазар, тој синоќа погоди од пенал за минимална победа на Лајпциг на гостувањето кај Тотнем во првиот дуел помеѓу обата клуба во осминафиналето од Лигата на шампионите, а по мечот беше запрашан и за шпекулациите со европскиот првак Ливерпул.

Знам дека Ливерпул е во моментов најдобриот фудбалски тим во светот“ рече Вернер.

Кога сте поврзувани со еден таков клуб, сето тоа ме прави горд, тоа е задоволство, но знам дека Ливерпул има многу добри фудбалери во својот тим, а јас сакам да се развивам во мојата кариера, да научам многу работи за да дојдам до нивото да играм за еден таков клуб“ додаде германскиот напаѓач.


23 годишниот Вернер привлече голем интерес крај себе со одличните настапи во дресот на Лајпциг, откако на 145 настапи за тој клуб успеа да постигне фантастичен учинок од 86 погодоци.

„Билд“ претходно извести дека Ливерпул е преферирана опција кај Вернер за во иднина во случај да се одлучи да се пресели во „Премиерлигата“.