24фудбал

Навивачите на Манчестер Сити со навредувачки транспаренти и скандирања кон УЕФА (ФОТО)

На „Итихад“ синоќа се одигра првиот меч на Манчестер Сити по одлуката на УЕФА да се суспендира англискиот првак на две години во европските натпреварувања.

Англија

Поради непочитување на финансискиот фер-плеј, УЕФА го суспендираше Манчестер Сити на две години во настапите од европските натпреварувања, ова е голем удар за англискиот првак кој сигурно ќе стори сешто е во негова моќ да издејствува да се промени таа одлука со жалба во која ќе се обиде да се одбрани.

Гвардиола го прекина молкот по суспензијата од УЕФА: Доколку не ми врачат отказ...

Како и да е, синоќа „Граѓаните“ славеа со 2-0 пред своја публика во дуелот со Вест Хем, дуел кој беше заостанат во Премиерлигата од претходно, меѓутоа на трибинскиот простор на „Итихад“ можеа да се забележат и транспаренти со навредлива содржина кон европската куќа на фудбалот.

УЕФА Мафија“, „УЕФА картел“, стоеше на транспарентите кои беа регистрирани од страна на репортерите, во првиот меч на Манчестер Сити по одлуката на УЕФА.


Освен навредливите содржини испишани на транспарентите, на трибините можеше да се слушне и скандирање од страна на домашните навивачи кои и порачаа на УЕФА: Е*и се УЕФА, ќе се видиме на суд“.