24фудбал

Гвардиола и порача на Барселона да не биде гласна за суспензијата, бидејќи сите се инволвирани во одредени ситуации

Синоќа на „Итихад“ арената освен што беа истакнати транспаренти со навредлива содржина до УЕФА, навивачите на англискиот првак имаа и скандирања до европската куќа на фудбалот.

Шпанија

Предводникот на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола јавно упати предупредување до неговиот поранешен клуб Барселона, советувајќи ги во тој клуб да не бидат многу гласни околу суспензијата за Манчестер Сити во европските натпреварувања.

Навивачите на Манчестер Сити со навредувачки транспаренти и скандирања кон УЕФА (ФОТО)

Како што е веќе познато, поради непочитување на финансискиот фер-плеј, „Граѓаните“ добија двегодишна суспензија за настап во европските натпреварувања, а кога сме веќе кај Гвардиола, тој посочи дека во случај да не добие отказ, 100% ќе остане во Манчестер Сити.

Гвардиола запрашан за поддршката од страна на претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу за суспензијата на УЕФА кон Манчестер Сити, наведе дека на „Камп Ноу“ не треба да бидат многу гласни по ова прашање, алудирајќи на тоа дека сите се инволвирани во одредени ситуации.

Доколку тие се среќни со тоа што ние добивме суспензија, јас би му рекол на претседателот на Барселона да ни даде две тужби“ рече Гвардиола.

Јас во овие моменти барам од луѓето да веруваат во тоа што го сториле, немојте да зборувате толку гласно Барселона, тоа е мој совет, бидејќи сите се инволвирани во одредени ситуации“ додаде тој.

Ние ќе имаме жалба и се надеваме дека во иднина ќе можеме да играме во Лигата на шампионите против Барселона“ заклучи Гвардиола кој со Барселона има освоено две титули во елитното европско клупско натпреварување како тренер на Каталонците.