24фудбал

Претседателот на ПСЖ обвинет за давање мито

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е обвинет од властите на Швајцарија за давање на мито на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке за купување на ТВ права за Светски првенства.

Франција

Обивнувањата се во врска со времето кога Ал-Келаифи беше претседател на БеИН медиа група, а не со ПСЖ.

Швајцарските федерални обинители велат дека поднеле обвинение против Ал-Келаиви кој е исто така член на извршниот комитет на УЕФА за потикнување на Валке да изврши кривично дело.

Ал-Келаифи му овозможил на Валке ексклузувно користење на вила во Сардинија со што му помогнал да заштити меѓу 900,000 и 1,8 милиони евра за кирија.

Валке е обвинет за три прекршоци: примање мито, криминално работење и фалсификување докименти.

Обивнителите велат дека при крајот на јануари ФИФА писмено ги информирала дека постигнала договор со Ал-Келаифи и делумно се договорила со Валке, по што ги повлекле кривичните пријави за поткуп за добивање на ТВ права за СП 2026 и 2030.

Но обинителите велат дека тоа што ФИФА ги повлекла кривичните пријави, нема да има влијание на нивното гонење на Ал-Келаифи и Валке.