24фудбал

Барселона потпиша со итното засилување, Мартин Брејтвајт

Барселона го објави трансферот на напаѓачот Мартин Брејтвајт кој потпишува со каталонскиот клуб со специјална дозвола од Шпанската фудбалска федерација.

Шпанија

Поради повредите на Суарез и Дембеле, Барселона побара дозвола од Шпанската федерација да купи напаѓач надвор од преодниот рок. Правилата го дозволуваат тоа, клубот треба да приложи доказ дека повредениот фудбалер (Дембеле) поради повреда нема да може да настапи најмалку пет месеци.

Барселона го исполни административниот дел и потпиша четири и пол годишен договор со данскиот напаѓач Мартин Брејтвајт кој доаѓа од Леганес за 18 милиони евра колку што изнесуваше неговата откупна клаузула.

Барса информира дека во договорот на 28-годишниот фудбалер вметнале и откупна клаузула од 300 милиони евра.

До крајот на оваа сезона тој нема да може да настапува во Лигата на шампионите, бидејќи правилото за ангажман на фудбалер надвор од преодниот рок важи само за шпанските натпреварувања.