24фудбал

Арсенал го победи Олимпијакос на негов терен и направи крупен чекор кон осминафиналето во ЛЕ (ВИДЕО)

Со гол на Лаказет во финишот од натпреварот Арсенал со 1-0 победи на гостувањето кај Олимпијакос, со истиот резултат Рома го совлада Гент.

Лига Европа

Арсенал се радува на гостинска победа од 1-0 кај Олимпијакос, топчиите имаат одличен резултат по првиот дуел со грчкиот тим.

Клучниот момент се случи во 81. минута кога по асистенција на Сака, Лаказет реализираше за водство кое значеше и победа.

Рома со истиот резултат го победи Гент но тоа го направи на свој терен. Перез уште во 13. минута реализираше и тоа беше единствениот гол на Олимпико.

Интересно беше на дуелот меѓу Глазгов Ренџерс и Брага, домаќините губеа со 2-0, но на крајот победија со 3-2.

Волвс со убедливи 4-0 ја совлада екипата на Еспањол.

Резултати Лига Европа: 

Клуж - Севиља 1:1

Клуб Бриж - Манчестер јунајтед 1:1

Ајнтрахт - Салцбург 4:1

ФК Копенхаген - Селтик 1:1

Хетафе - Ајакс 2:0

Лудогорец - Интер 0:2

Шахтар - Бенфика 2:1

Спортинг - Башакшехр 3:1

АЗ Алкмар - АПОЕЛ 1:1

АПОЕЛ - Базел 0:3

Рома - Гент 1:0

Леверкузен - Порто 2:1

Олимпијакос - Арсенал 0:1

Ренџерс - Брага 3:2

Волфсбург - Малме 2:1

Волвс - Еспањол 4:0