24фудбал

ПСЖ во Италија го бара наследникот на Тухел, разгледува две опции

ПСЖ го губи трпението со Томас Тухел, францускиот клуб планира да се раздели со германскиот стратег доколку тој не донесе успех во Лигата на шампионите оваа сезона.

Италија

Целта на ПСЖ е трофејот во Лигата на шампионите, но не само што не успеваат да дојдат до него, туку не можат ни да му се доближат.

„Газета дело Спорт“ пишува дека ПСЖ во Италија ќе го бара наследникот на Тухел, а опциите се две.

Примарната цел е Масимо Алегри, а втор кандидат е Маурицио Сари доколку тој добие отказ.

Алегри е без работа од завршувањето на минатата сезона, тој често се поврзува со тимови од Премиерлигата, најмногу со Манчестер јунајтед, но се уште нема ништо конкретно за неговата иднина.

Јувентус го посакува Пеп Гвардиола и доколку успее да стигне до него, тогаш Маурицио Сари ќе стане минато.