24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Обрнете внимание на Фернандеш

Од утре, па се’ до понеделник се игра 27 коло во англиската Премиерлига, а се враќаат и возбудувањата на мега популарната „ФантазиПремиерлига“ која брои над седум милиони натпреварувачи, од кои над седум илјади од Македонија.

Останато

По две седмици, со оглед на фактот што толку траеше 26 коло во Премиерлигата, се враќаме со нова анализа за „ФантазиПремиерлигата“, овој пат за предвиденото 27 коло, како помошна алатка за сите натпреварувачи од нашата земја, кои ги има во голем број.

Традиционално, во воведот ќе направиме еден краток рекапитулар на настаните од претходното коло, а најнапред ќе го коментираме и главното кое го најавивме во претходната анализа.

Запрашавме дали напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс може да го сопре залетаниот Барнли, а дополнителна мотивација да го селектираме беше и фактот што неговиот тим настапува на домашен терен за таа пресметка.

Ингс постигна гол, меѓутоа Саутемптон загуби со 1-2, а напаѓачот кој го имаат во својот состав дури 32% од натпреварувачите, запиша солидни 7 поени од својот настап.

Меѓутоа, грешката беше во доделувањето на капитентската лента кај Мохамед Салах, кој во минималната победа на Ливерпул кај Норич запиша само три поени, а кога ќе проследите кој беше предлог-составот генерално, ќе увидите дека целиот среден ред кој броеше петмина фудбалери запиша одличен скор зад себе, вклучувајќи ги Де Брујне (14), Сон (13), Ришарлисон (13), како и Фернандеш (6).

Иако анализата донесе 78 поени во коло каде просекот беше 56, сепак, ќе наведеме дека повторно потфрли одбраната на Евертон, помалку чудно, примајќи гол на свој терен од Кристал Палас, иако славеше со 3-1, па така останавме без „планираните“ бодови од Џордан Пикфорд и Лукас Дињ.

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Ингс може да го сопре залетаниот Барнли

Сега се префрламе на статистиката за тоа како стои ситуацијата кај трансферите, таму речиси да нема никакво изненадување, најкупуван е напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, кој заедно со напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, се на водечките позиции, а доколку го проследите нивниот распоред на натпревари, веројатно е дека ова е одлична инвестиција.

Меѓутоа, нам за момент не изненадува фактот што во водечката петорка се фудбалерите на Евертон, Ришарлисон и Калверт-Луин, кои иако играат во одлична форма, сепак „Карамелите“ имаат тежок распоред од дури четири дерби пресметки во низа, од кои викендов гостуваат кај Арсенал. Во водечката петорка е Садио Мане од Ливерпул кој се врати со гол за минимална победа на Ливерпул кај Норич, иако Сенегалецот не беше дел од стартната постава на „Редсите“.

Во однос на најпродаваните фудбалери, на прво место е Сон од Тотнем, тешко дека би се вратил до крајот на сезоната со оглед на посериозната повреда со која се здоби, па сосема логична е реакцијата кај натпреварувачите. Со оглед на ниската цена, како и фактот што беше стандарден, Мартин Кели од Кристал Палас уживаше голема бројка натпреварувачи зад своето име, меѓутоа повредата ќе го оддалечи од терените на подолг рок, па така натпреварувачите се ослободуваат од него, како и Тами Абрахам, напаѓачот на Челси кој поради повреда е неизвесен за гостувањето кај Борнмут викендов.

Сосема логично, а нешто што воедно најавивме и претходно, напаѓачот на Лестер, Џејми Варди во целост кај губи довербата кај натпреварувачите, па тој е дел од водечката петорка во најпродавани фудбалери за колово, а во негово друштво е Џејмс Мадисон. Сепак, вреди да напоменеме дека Варди во поразот на Лестер кај Манчестер Сити во 18. коло од 3-1 постигна еден гол, кој на крајот му донесе дури три поени бонус поради играта, иако „Лисиците“ тогаш загубија, а играат токму против „Граѓаните“ викендов, овој пат на домашен терен.


Во пресрет на предлог-составот, кратка најава за тоа што следи викендов, возбудувањата во 27 коло стартуваат со дуелот помеѓу Челси и Тотнем, всушност мини дерби на колодо кое почнува во стандардниот термин од 13,30 часот. Дербито на колото се игра неколку часа подоцна, поточно во 18,30 часот помеѓу Лестер и Манчестер Сити. Во недела ќе проследиме три меча, од кои дербито за тој ден е помеѓу Арсенал и Евертон, за во понеделник, со мечот помеѓу лидерот Ливерпул и Вест Хем да се комплетира предвиденото коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Стартуваме со предлог-составот за ова коло, а за голманската позиција ќе го препорачаме Дин Хендерсон (5.1), тој има феноменална сезона зад себе, а неговиот Шефилд Јунајтед исто така, најпријатното изненадување сезонава во моментов е на шестото место на табелата во Премиерлигата, а викендов на домашен терен го пречекува Брајтон, па многумина очекуваат меч без примен гол на домаќините, истото го сметаме и ние.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Со оглед на фактот што би било чудо Вест Хем да постигне гол кај Ливерпул, кој има сезона за паметење во Премиерлигата, веројатно би било паметен избор да имате двоец од одбраната на европскиот првак за ова коло, а ние ги препорачуваме двата фантастични бекови со големи офанзивни задачи на натпреварите, Трент Александер-Арнолд (7.7), како и Ендру Робертсон (7), вториот во минималниот триумф кај Норич извлече и три поени бонус поради одличната игра, што заокружи одлични 9 од тој меч, што веројатно е најава за нешто повеќе викендов.

Поради истите причини кои ги наведовме кај Хендерсон, за ова коло ќе го препорачаме Џорџ Балдок (5.1) од Шефилд Јунајтед, а бележиме дури десет кола од неговиот фантастичен учинок од 14 поени во победата на гости кај Норич (1-2) каде освен гол, запиша и асистенција, веруваме дека викендов може да се врати, и тоа против екипа по мерка за него, како и општо гледано квалитетот на Шефилд Јунајтед.

Веројатно би се изненадиле поради нашата одлука да го изоставиме неговиот соиграч Џон Ландстрам, меѓутоа факт е дека популарниот фудбалер бележи голем пад во формата и играта,  а некои на Островот сметаат дека „новајлијата“ во тимот, Сандер Берге кој беше доведен од Генк за 20 милиони евра се докажа малку повеќе од очекуваното, па претрпе формата на Ландстрам, а воедно и минутажата. Сепак, иако Ландстрам претходното коло донесе победа од 2-1 со својот гол како „златна резерва“, ќе сочекаме да видиме каква ќе биде неговата реакција викендов, за дури потоа да донесеме заклучок како понатаму.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Започнуваме со селекција на фудбалери од средниот ред, таму ќе селектираме петмина,а  генерално тимот ќе носи формациска поставеност од 3-5-2.

Иако постојат одредени дилеми кај нас во однос на Мохамед Салах и Садио Мане од Ливерпул, а оние кои редовно не следат добро паметат дека го најавивме враќањето на Салах во вистински момент, во дотогаш ситуација каде тој беше зад Мане кој играше во фантастична форма, меѓутоа работите во продолжението од сезоната се променија.

Ова коло повторно ќе му ја укажеме довербата на Мохамед Салах (12.8), кој против Вест Хем на домашен терен ќе има одлична можност да им се врати на големите поени зад своето име.

Сон се повреди на подолг рок, па сега сите потешки задачи во играта на Тотнем паѓаат на грбот на Деле Али (8.5), кој иако викендов ќе има тешка задача со оглед на фактот што пред себе ќе го има Челси како противник, сепак, вреди да напоменеме дека Али заедно со Лукас Мура ќе го сочинуваат нападот на Тотнем, иако не се исклучува можноста Али да игра како централен напаѓач, осамен во тој простор, со Мура веднаш зад него, па таквата ситуација во Тотнем отвора голема можност за нас да очекуваме бодови од Али, кој сигурно ќе биде главната опасност кон голот на Челси, кој ќе напоменеме дека игра многу лошо пред своја публика.

Адама Траоре (5.8) од Вулверхмептон поради својата конституција е доста интересен кај љубителите на фудбалот, меѓутоа нема никакви дилеми во квалитетите кои ги поседува овој фудбалер, кој иако е дел од листата во средниот ред, практично во реалноста настапува како централен напаѓач, што отвора можност за повеќе бодови, а дуелот против Норич на домашен терен нам ни дава дополнителна мотивација да го селектираме, со оглед на фактот што Норич ја има втората најслаба одбрана во Премиерлигата со дури 48 гола примени досега, истиот учинок го има Саутемптон, а најслабата одбрана ја има Астон Вила со 50 примени погодоци досега.

Веројатно навикнавте да го бележите името на Марсијал во нашите предлог-состави, тоа го правевме со посебна причина, со оглед на фактот што Французинот всушност настапуваше како осамен напаѓач за „Црвените ѓаволи“, а носеше одлични поени за натпреварувачите, барем генерално гледано, меѓутоа за ова коло ние имаме друг избор, а тоа е Бруно Фернандеш (8.1), кому му беа потребни само два меча за да добие зголемување на цената на „ФантазиПремиерлигата“. Манчестер јунајтед е голем фаворит во дуелот со Ватфорд на домашен терен, а победата на гости кај Челси (0-2) во која Фернандеш учествуваше со асистенција, е воедно најава за нешто повеќе од одличниот фудбалер во средниот ред кој постојано го гледаме во опасната зона кај противничките екипи.

Дека постојат големи очекувања од Португалецот за претстојниов викенд, говори и најавата од „ФантазиПремиерлигата“, кои го наведоа Фернандеш како еден од фудбалерите на кои треба да се обрне внимание викендов.

Џек Грилиш (6.7) од  Астон Вила е една голема ѕвезда во надоаѓање за англискиот фудбал, а тој викендов гостува кај втората (заедно со Норич) најслаба одбрана во првенството која досега прими 48 погодоци во сопствената мрежа, па веројатно е дека на таа пресметка предвидена за утре ќе имаме можност да проследиме погодоци на обете страни, со оглед на фактот што токму Саутемптон ја има најслабата одбрана досега со 50 примени погодоци.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Дени Ингс (7.1) од Саутемптон има одлична можност да запише два гола во низа, ние во претходната анализа го најавивме неговото враќање по цели три меча апстиненција, па големи се очекувањата кај нас, а воедно и пошироката јавност да погоди против Астон Вила викендов.

Хет-трикот на Жота во победата на Вулверхемптон против Еспањол со 4-0, со што Премиерлигашот е со една нога во осминафиналето од Лига Европа, нам не ни остава многу простор за „залетување“ по одличниот Португалец кој бележи катастрофална сезона зад себе во  Премиерлигата, има долг пост на погодоци кој трае веќе цели десет кола, па седури не покаже ништо повеќе во најсилниот шампионат на Островот, нема дилеми дека прв избор треба да остане Раул Хименез (7.8), кој пак игра во одлична форма во Премиерлигата сезонава, а има 27.1% од натпреварувачите кои го селектирале досега.

Вулвемрхемптон е голем фаворит во дуелот против Норич на домашен терен во недела, па не е лоша инвестицијата во Траоре, како и Хименез за претстојното коло, а имајте во предвид дека Вулверхемптон има одличен распоред во продолжението од сезоната, па ќе имате прилика да ги користите на подолг рок.

 

Предлог-состав: ХЕНДЕРСОН (5.1); АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.7), РОБЕРТСОН (7), БАЛДОК (5.1); САЛАХ (12.8), АЛИ (8.5), ТРАОРЕ (5.8), ФЕРНАНДЕШ (8.1), ГРИЛИШ (6.7); ИНГС (7.1), ХИМЕНЕЗ (7.8)

КАПИТЕН: МОХАМЕД САЛАХ

Заменик-капитен: Ингс

 

Стандардно, завршуваме со осврт на случувањата во генералната лига на „Македонија“, како и онаа на „24фудбал“.

Во лигата на „Македонија“ на првото место на табелата е Давид Трајчевски со досега освоени 1620 поени, имате можност да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува пак до лигата на „24фудбал“, таму на првото место е Василиј Стојановски со досега освоени 1609 поени, имате можност да го проследите и неговиот избор.



Среќно до сите натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe