24фудбал

Ѕвездите на ПСЖ полуголи лудуваа кратко по поразот од Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

На социјалните мрежи излегоа видеа од лудата роденденска забава на Кавани, Ди Марија и Икарди која ја организирале само еден ден по поразот од Борусија Дортмунд.

Франција

Единсон Кавани, Анхел Ди Марија и Мауро Икарди организирале заедничка роденденска забава.

На социјалните мрежи се појави видео како Кавани, Нејмар и Кејлор Навас полуголи лудо се забавуваат.

На ваквата забава на играчите на ПСЖ може да се гледа на два начини: да се критикуваат поради забава кратко по претрпен пораз или да се истакне добрата атмосфера која владее во тимот.

ПСЖ се уште не е елиминиран од Лигата на шампионите, пораз од 2-1 на гостински терен и не е така лош резултат во пресрет на реванш.