24фудбал

Наполи со пресврт до победа против Бреша, Елмас повторно беше стартер (ВИДЕО)

Наполи дојде до трите бода од гостувањето кај Бреша иако по првото полувреме губеше со 1-0, тимот на Гатузо на крајот се радуваше на победа од 2-1.

Италија

Елиф Елмас го освои Гатузо, македонскиот репрезентативец повторно беше стартер за Наполи.

Бреша од првата минута реши да се брани, а Наполи мака мачеше да го пробие бедемот.

И покрај таквата ситуација на теренот, Бреша поведе со гол на Ченселор во 26. минута.

Но по полувремето работите се променија, поради игра со рака на Матеју, Наполи доби пенал, Инсиње погоди од белата точка за израмнување на 1-1.

Само пет минути подоцна Руиз постигна прекрасен погодок за комплетен пресврт и победа на Наполи од 2-1.

Елмас на теренот се задржа до 76. минута кога беше заменет од Зиелински.

Следниот предизвик на Наполи е мечот против Барселона во Лигата на шампионите.