24фудбал

Србин прифати да игра за Косово, неговите родители веднаш добија отказ од работа (ВИДЕО)

Илија Ивиќ доби повик да игра за фудбалската селекција на Косово до 19 години, на поканата одговори позитивно, а тоа се одрази врз работата на неговите родители.

Останато

Илија Ивиќ е првиот Србин кој ќе игра за Косово, неговата одлука да ја прифати поканата не беше пријатно дочекана од најголемиот дел од српската јавност.

Последици има и врз неговите родители кои ги загубија работните места, така тврди Косовската фудбалска федерација.

„Родителите на Илија Ивиќ ги загубија своите работи како облик на притисок од Српските власти само затоа што нивниот син прифати покана од фудбалската селекција на Косово до 19 години“, пишува во соопштението на Косовската фудбалска федерација.

Таткото на Илија, Душан Ивиќ е горд што неговиот син ќе игра за Косово и рече дека ќе продолжи да настапува и за екипата на Фљамуртари од Приштина.

„Мојот сон ќе продолжи да биде играч на Фљамуртари и ќе игра за Косово кога ќе добие повик“, вели Душан Ивиќ.