24фудбал

Нојер со голем кикс се погрижи за драма со аутсајдерот Падерборн (ВИДЕО)

Падерборн е екипата која и се смешка враќање во второлигашкото друштво во германскиот фудбалски шампионат, но синоќа аутсајдерот беше на чекор до изненадување во пресметката со шампионот, а за тоа посебно се погрижи Нојер.

Германија

Актуелниот шампион и моментално лидер во германската „Бундеслига“, Баерн Минхен синоќа потешко од очекувањата дојде до посакуваните три бода во дуелот против последно пласираната екипа на табелата во моментов Падерборн.

Иако „Баварците“ славеа со 3-2, сепак дури три пати мораа да го враќаат водството откако гостите на два пати во текот на пресметката израмнуваа, а за три бода за домаќините се погрижи Левандовски со два гола, како и Гнабри со еден, односно дури три асистенции.

Сепак, израмнувачкиот гол на Падерборн во завршницата од првото полувреме, дело на Србени остана како највпечатлив детал од мечот во Минхен, а да биде така се погрижи еден од најдобрите голмани на денешницата, Мануел Нојер.

Нојер е познат по тоа што често знае да истрча подалеку од својот гол и да спречи гол шанса на противникот во ситуација еден на еден, така беше и синоќа, меѓутоа, освен што направи кикс, Србени му ја протна топката низ нозе во таа ситуација, а потоа целосно профитираше во својата шанса.


По мечот, запрашан за киксот, Нојер беше доста конкретен и го даде своето видување на израмнувачкиот гол за Падерборн, кој на крајот за среќа на фаворитот не се покажа како кобен.

Тоа беше ситуација 50-50, доколку му направев прекршок, веројатно ќе добиев црвен картон, тоа е всушност дел од играта и се случува“ рече Нојер.