24фудбал

Левандовски за телефонскиот повик од Фергусон: Размислував за преселба во Манчестер јунајтед

Полскиот напаѓач открива дека од Борусија Дортмунд добил категорично „не“, како одговор на опцијата да се пресели на „Олд Трафорд“, опција која била доста реална на негови 23 години.

Германија

Роберт Левандовски е вистинска гол-машина, Баерн Минхен секако дека направи одличен потег по тоа што го доведе од Борусија Дортмунд, а полскиот напаѓач во моментов е на четвртото место во историјатот на генералната листа на стрелците во „Бундеслигата“.

31 годишниот напаѓач открива дека Манчестер јунајтед под будно око ја следел ситуацијата со него во Борусија Дортмунд, а Левандовски имал и телефонски разговор со легендарниот тренер на Премиерлигашот, Алекс Фергусон, а за тој момент од неговиот живот вели дека било посебен ден.

Јас разговарав со него по две години минати во дресот на Борусија Дортмунд, а во тој период навистина размислував да преселба во Манчестер јунајтед, поради Алекс Фергусон, но и самиот клуб. Сепак, во Борусија Дортмунд ми одговорија „Не, тоа е тоа“, но тоа беше прв пат да размислувам за таа можна преселба, бидејќи, кога добивате телефонски повик како млад фудбалер од Алекс Фергусон, тоа беше нешто неверојатно, тоа беше посебен ден за мене“ рече Левандовски.

Левандовски во шесте години досега минати во дресот на Баерн Минхен на 182 настапи, успеа да постигне 153 погодоци.