24фудбал

Суспензијата на Манчестер Сити отвора можност за големо засилување за Барселона

Каталонците сериозно се „загреани“ за португалскиот плејмејкер, меѓутоа од Манчестер постојано добиваат негативен одговор, се чини дека суспензијата од УЕФА, доколку не биде укината по жалбата која претстои, ќе промени многу работи на таа тема.

Шпанија

Барселона веќе пријавила интерес да го ангажира фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, а тоа Каталонците би можеле да го сторат уште на лето, известува „Експрес“, базирајќи се на информациите кои ги објави трансфер експертот Данкан Кастлс во својата емисија.

Од Манчестер Сити не сакаат да се ослободат од Силва, меѓутоа суспензијата за тимот од „Итихад“ во европските натпреварувања на две години би можело да го натера Португалецот да си замине од Манчестер, иако претстои жалба на актуелниот првак на Англија по тоа прашање.

25 годишниот Силва има важечки договор со „Граѓаните“ до 2025. година, беше еден од клучните фудбалери во составот на Гвардиола во ланската сезона, а оваа постигна пет погодоци, на кои придодаде уште толку асистенции во Премиерлигата.

Барселона посакува да го ангажира Бернардо Силва, од таму има постојан интерес за неговите услуги, тие веќе пријавија интерес за да увидат каква е ситуацијата, односно, дали е возможно да дојде до договор со Манчестер Сити“ вели Кастлс

Сепак, одговорот на тој интерес беше нема шанси, Манчестер Сити нема да продава претстојното лето, а ова е постојан одговор на Манчестер Сити, Бернардо е централна фигура во нивните планови, Пеп го обожава тој фудбалер и нема да дозволи едно такво сценарио, меѓутоа, сега имате едно сценарио во кое Манчестер Сити не би можел да му гарантира на Бернардо Силва настапи во Лигата на шампионите“ заклучува тој .