24фудбал

Аврамовски му донесе победа на Вардар во Велес, Борец конечно падна на свој терен

И во вториот меч од пролетниот дел од сезоната Вардар запиша три бода откако со 1-0 го победи Борец на негов терен.

Македонија

Пред овој дуел Борец имаше серија од две години без пораз на својот терен во Велес, но на тоа му дојде крајот, Вардар се израдува на триумф.

Вардарци уште од самиот почеток вршеа притисок кон голот на домаќините, мрежата беше затресена во 33. минута од мечот кога Аврамовски натрча на една топка и ја смести во голот на Борец за водство од 1-0.

Вардар имаше шанси и предвреме да го реши победникот, но резултатот остана актуелен до самиот крај.

Утре се играат останатите четири меча од колото: Македонија ЃП - Академија Пандев, Силекс - Шкендија, Ренова - Струга ТЛ и Работнички - Шкупи.

Фото: ФК Вардар