24фудбал

Мурињо „плаче“: Челси имаше напаѓач што е светски шампион, вториот напаѓач на Англија им е на клупа, а моите се во болница!

По поразот од 2-1 на гостувањето кај Челси, Жозе Мурињо не пропушти да се пожали за големиот пех кој го снајде и уште еднаш да потенцира дека нема напаѓачи по повредите на Хари Кејн и Хеунг мин Сон.

Англија

Тотнем попладнево загуби на Стемфорд Бриџ во дуел за топ 4, Жиру и Алонсо ја најавија победата на Челси, а во финишот од мечот, еден автогол на Ридигер донесе возбудлива завршница.

По крајот на лондонското дерби, Жозе Мурињо не пропушти да се пожали за големиот пех кој го снајде и уште еднаш потенцираше дека нема напаѓачи по повредите на Хари Кејн и Хеунг мин Сон.

„Погледнете го составот на Челси, во форот беше човек кој е светски шампион, вториот напаѓач на Англија беше на клупа, а вториот напаѓач на Белгија беше на трибини. Јас немам напаѓач на теренот, немам напаѓач на клупата... имам двајца во болница!“ – вели Португалецот.

„Горд сум на момците, се бореа до последната секунда. Не можам да побарам повеќе, особено од Лукас, Ло Селсо и Бергвајн, овие момци ги одиграа сите минути и го даваат максимумот на позиции кои не се нивни природни, не можам да се пожалам. Резултатот можеше да биде различен, можеше да биде 3-1 но можеше да биде и 2-2. Тешко дека моите избраници можеа да сторат нешто повеќе. Се наоѓаме во уникатна позиција и противниците тоа го знаат. Не притискаат високо бидејќи знаат дека не можеме да играме на долги топки. Се бранат длабоко бидејќи знаат дека нема на кого да нафрлиме во шеснаесетникот“.

„Пред нас се тешки и долги три месеци, но момците ќе научат многу, ќе научат што значи да се вложи напор и што значи да се игра на лимит“.