24фудбал

Меси со четири голови го потопи Еибар (ВИДЕО)

Барселона со 5-0 го победи Еибар а четири од погодоците беа дело на Лео Меси.

Шпанија

Меси имаше фантастична партија против Еибар која ја круниса со дури четири голови.

Серијата ја отвори со мајсторски гол уште во 14. минута, а на пет минути до крајот на првиот дел веќе имаше реализирано хет-трик за предност на Барселона од 3-0.

Тој резултат беше актуелен се до самиот финиш, Меси во 87. минута зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Артур две минути подоцна.