24фудбал

Лампард со коментар за контроверзната ситуација со Ло Селсо

Бурни реакции на Островот по доста контроверзната ситуација, доста спорна, на дербито во Лондон кое на крајот Челси пред своја публика го доби во пресметката со Тотнем.

Англија

Челси извојува мошне важна победа против Тотнем во лондонското дерби, меѓутоа победата од 2-1 за „Сините“ значи многу против еден од директните ривали за четвртото место на табелата во Премиерлигата.

Составот на Френк Лампард остана на четвртото место на табелата, меѓутоа ја зголеми разликата на четири бода предност во однос на Тотнем и Шефилд јунајтед, а шефот на стручниот штаб на тимот од „Стемфорд Бриџ“ беше запрашан и за спорната ситуација која донесе бурни реакции на Островот во однос на грубиот старт на Ло Селсо кој иако требаше да биде санкциониран со црвен картон, до тоа не дојде дури ни со помош на ВАР технологијата.

ВАР донесе нови проблеми на Островот, од таму признаваат за големата грешка со Ло Селсо (ВИДЕО)

Мразам кога говорам за црвени картони, или кога барам такво нешто, но ова е старт кој може да донесе скршеница на ногата“ изјави Лампард.

Судиите имаат исклучително тешка и комплицирана работа, но тука е ВАР да им помогне, а сето тоа генерално беше премногу лошо денеска“ додаде тој.

Ситуацијата кога Ло Селсо грубо нагазна на ногата на Цезар Аспиликуета беше во 52. минута, во моментите кога Челси имаше водство од 2-0, но, по долго прегледување на снимките, од ВАР собата посочија дека не станува збор за груб прекршок.

За оваа ситуација не беше потребен ниту прегледување на снимка преку монитор, ова е чиста човечка одлука, црвен картон, натпреварот продолжува, но сето тоа беше лошо изменаџирано“ заклучи шефот на стручниот штаб на Челси.