24фудбал

„Се договоривме со Реал Мадрид за Бејл, а потоа добивме услов кој не можевме да го исполниме“

Од подамно е јасно дека деновите на Бејл во Реал Мадрид се изброени, а изјавата на романскиот фудбалски стратег веројатно хронолошки се совпаѓа со промената на мислењето кај Зинедин Зидан за тоа колку му е потребен Бејл.

Шпанија

Реал Мадрид во последен час побарал обештетување за Герет Бејл во преговорите со кинескиот суперлигаш Џангсу, а со тоа во последен момент пропаднале преговорите помеѓу обете страни кои претходно биле договорени во едни сосема поинакви услови.

Романскиот фудбалски стратег Космин Олару, предводникот од клупата на Џангсу тврди дека претходно кинескиот клуб си подал рака со Реал Мадрид за трансфер на Бејл на Далечниот Исток, а договорот бил поинаков од последното барање на „Кралевите“.

Според неговите тврдења, 30 годишниот Бејл требало да се пресели во Џангсу без обештетување, но кинескиот клуб бил обврзан да ја исплати платата на Велшанецот која е доста висока во шпанскиот гигант, кој потоа барал обештетување.

Договорот беше мошне близу до реализација“ открива Олару, кој потоа изнесува и детали од договорот помеѓу обете страни.

Клубот се договори со неговиот агент, неговиот агент беше таму, имаше и договор со Реал Мадрид, а потоа едноставно не знам што се случи, тие загубија неколку пријателски натпревари со голема разлика, а веднаш потоа го променија мислењето“ додава Романецот.

Прво, тие се согласија да го ослободат, а ние да бидеме обврзани да му ја исплатиме платата, потоа одеднаш рекоа: ‘Не, ќе треба да платите за трансферот, а да се исплати неговата плата и воедно обештетување за самиот фудбалер беше малку повеќе од предвидениот буџет, така ние почнавме потрага по ново засилување“ вели Олару.

Но, всушност, јас знам дека 90% беше договорено за тој трансфер, но брзо потоа сесе промени, тоа го сторија од Реал Мадрид, не од наша страна“ заклучи Романецот кој алудира на тоа дека договорот паднал едно утро, а веќе вечерта во Реал Мадрид изнеле ново барање во преговорите.

Поради новите правила од финансиски карактер имплементирани во 2018. година во кинескиот фудбал, барањата од Реал Мадрид ги надминуваат можностите на Џангсу, а без Бејл, таа екипа заврши на четвртото место во „Суперлигата“, сега се подготвуваат за стартот од новата сезона кој е одложен поради хаотичната ситуација со коронавирусот.