24фудбал

Нов гол на Роналдо, ЦР7 против Интер може до постигнување какво што нема никој во историјата на Серија А! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо против СПАЛ го игра 1.000-от натпревар во професионалната кариера и постигна гол со кој изедначи рекорд на Габриел Омар Батистута и Фабио Кваљарела.

Италија

ЦР7 не запира, Португалецот игра во страшна голгетерска форма и денеска ја затресе мрежата на СПАЛ. На асистенција на Квадрадо, Кристијано Роналдо донесе водство од 0-1 и на својот 1.000-ти натпревар во професионалната кариера, изедначи рекорд на Габриел Батистута и Фабио Кваљарела.

Напаѓачот стана само третиот играч кој успеал на 11 натпревари во низа во Серија А да постигне погодок. Батистута имаше ваква серија во сезоната 1994/95, додека пак Кваљарела минатата сезона играше во страшна форма од октомври 2018 до јануари 2019.

Кристијано Роналдо сега може да испише историја и да стане првиот кој ја тресел противничката мрежа на 12 натпревари доколку следното коло погоди на дербито со големиот ривал Интер.