24фудбал

Брејтвајт: Нема да ја перам облеката по прегратките со Меси (ВИДЕО)

Новото засилување за Каталонците дебитираше на одличен начин, имаше асистенција во еден од четирите погодоци на Меси, но, имаше убава можност да го „зачини“ дебито со гол во една прилика.

Шпанија

Барселона ја искористи опцијата да доведе засилување во својот состав по повредите на Осман Дембеле и Луис Суарез, а тоа го стори откако потпиша со Мартин Бретвајт кој пристигна од Леганес за 18 милиони евра, онолку колку што изнесуваше неговата откупна клаузула.

Работите не тргнаа на добро во презентацијата на Брејтвајт... (ВИДЕО)

28 годишниот дански напаѓач денеска дебитираше во дресот на каталонскиот гигант кој со 5-0 на свој терен го совлада Еибар во редовното 25 коло од Примера, а Брејтвајт во игра на мечот на „Камп Ноу“ влезе во 72. минута на местото на Антоан Гризман при резултат 4-0 за фаворитот.

Лионел Меси имаше блескава партија со четири погодоци во мрежата на Еибар, а токму четвртиот го постигна по асистенција на Брејтвајт, кој е горд на дебито за Барселона, а додаде дека нема да ја пере облеката по прегратките со големата ѕвезда со која денеска играше заедно во ист тим.

Нема да ја перам облеката по прегратките со Меси, признавам дека не ни помислував дека ќе играм во дресот на Барселона пред една седмица“ рече Брејтвајт по дебито за Каталонците кои се вратија на првото место на табелата со два бода предност во однос на Реал Мадрид, кој вечерва гостува кај Леванте.

Инаку, вреди да напоменеме дека Данецот беше мошне близу да погоди уште на дебито за Барселона, но, на крајот профитираше Артур кој искористи отпадок во оваа ситуација по шансата на Брејтвајт.