24фудбал

Шмајхел со колено му одбрани пенал на Агуеро (ВИДЕО)

Ѕвездата на Манчестер Сити не успеа да реализира од белата точка, а голманот на домаќините се прослави со една среќна реакција во вистинско место од средината на голот.

Англија

Кога не оди, едноставно не оди, така бранителот на титулата во Премиерлигата, освен што е веќе далеку од првопласираниот Ливерпул, па дури и не ги користи приликите во ударите од белата точка.

Манчестер Сити имаше можност прв да поведе на гостувањето кај Лестер во дербито на 27 коло, меѓутоа Серхио Агуеро имаше толку лош обид, што топката заврши во коленото на Каспер Шмајхел, а голманот на „Лисиците“ со таа среќна реакција спречи водство на „Граѓаните“ во оваа прилика.

Вреди да се наведе дека одлуката за најстрога казна дојде откако Прает играше со рака при еден обид на Гундоган кој речиси сигурно ќе завршеше во рамките на голот на домаќините доколку не беше реакцијата на Белгиецот, па одлуката за пенал дојде по консултација со ВАР технологијата.