24фудбал

Роналдо два пати испиша историја, Јувентус со три бода си замина од гостувањето кај СПАЛ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го одигра 1.000-от натпревар во својата кариера и изедначи рекорд на Батистута и Кваљарела во победата на Јувентус од 1-2 на гостувањето кај СПАЛ.

Италија

Уште една вечер во Серија А во знакот на Кристијано Роналдо, Португалецот против СПАЛ два пати испиша историја. Гостувањето на „Паоло Маца“ беше 1.000-от натпревар во професионалната кариера на ЦР7, кој потоа изначи рекорд на Батистута и Кваљарела.

Кога кон финишот на првиот дел погоди за 0-1, Кристијано Роналдо стана само третиот играч во историјата на Серија А кој постигнувал гол на 11 натпревари во низа.

По еден час игра, Ремзи атрактивно погоди и ја префрли топката преку голманот на СПАЛ за 0-2. До крајот на мечот, домаќините намалија на 1-2 со голот на Петаља од пенал, но немаа сила да го изненадат актуелниот шампион и лидер на табелата.