24фудбал

Сити го доби директниот дуел со Лестер за втор најдобар во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 1-0 победи на гостувањето кај Лестер и се одлепи на втората позиција во Премиерлигата.

Англија

Лестер и Манчестер Сити одиграа динамичен меч, исполнет со шанси но со само еден гол.

Домаќините можеа да поведат уште во осмата минута, но ударот на Џејми Варди заврши во стативата од гостинскиот гол.

Во 62. минута Агуеро имаше шанса од пенал да му донесе водство на Сити, но неговиот удар го одбрани Шмајхел.

Агуеро беше заменет со Габриел Жесус во 77. минута, а само три минути по влегувањето Жесус по асистенција од Махрез го постигна победничкиот гол за Манчестер Сити.