24фудбал

Сам против сите, фантастичен гол на Ибра кој за жал престрого беше поништен (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ покажа дека и на 38 години може да доминира, Швеѓанецот постигна фантастичен гол против Фиорентина, но престого со помош на ВАР беше поништен.

Италија

„Ибракадабра“ можеше да се прослави на „Артемио Франки“, постигна фантастичен гол кој за жал престрого беше поништен со помош на ВАР. Иако нападот на Милан не навестуваше сериозна шанса, напаѓачот му одзеде една топка на Далберт, потоа тргна само против цела одбрана на домаќините, умешно ја протна крај Пулгар за на крајот да издржи уште еден старт на Касерез и прецизно да бие покрај Драговски за 0-1.

Но додека играчите на Милан се радуваа, на сцена стапи видео технологијата, судијата ги прегледуваше повторените снимки на мониторот крај аут линијата и на крајот реши да го поништи голот.

Проблем е што на зачетокот од акцијата, топката удри во раката на Златан Ибрахимовиќ. Одлуката е престрога бидејќи раката на голгетерот беше прилепена за телото, но новите правила налагаат судиите да реагираат доколку играчот се здобие со посед или контрола врз топката кога таа ќе го удри во рака и потоа се постигне гол или пак се креира шанса за погодок.