24фудбал

Милан имаше водство и играч повеќе, но освои само бод во Фиренца (ВИДЕО)

Милан испушти два бода на гостувањето во Фиренца, „росонерите“ имаа водство од 0-1 и играч повеќе, но Фиорентина во финишот погоди од пенал за 1-1 а домаќините имаа и шанса за победа.

Италија

Избраниците на Пиоли разочарани ќе си заминат од „Артемио Франки“, Милан имаше водство и играч повеќе, но на крајот мораа да се задоволат со бод, а малку фалеше да останат и со празни раце.

Во првиот дел, Ребиќ имаше 100% шанса, а Ибра постигна фантатичен гол кој за жал беше поништен со ВАР. Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Касерес прими една топка на гради и потоа ја остави мислејќи дека некој негов соиграч ќе расчисти, но дефанзивецот само му асистираше на Ребиќ, кој погоди за 0-1.

Кратко потоа, Далберт го собори Ибрахимовиќ во шанса за гол, па левиот бек доби црвен картон. Но и со играч помалку, Фиорентина стигна до 1-1 со голот од пенал на Пулгар во завршницата.

„Виолетовите“ имаа прилика и да го шокираат Милан, Беговиќ го одбрани ударот на Киеза, а Влаховиќ пропушти да ја смести одбиената топка во мрежата.