24фудбал

Азар се повреди, Зидан ја потврди лошата вест за Реал Мадрид

Азар поради повреда предвреме го заврши мечот против Леванте, Зинедин Зидан вели дека зглобот на Белгиецот не изгледа добро.

Шпанија

Азар во 67. минута излезе поради повреда, се упати на клупата каде веднаш му беше ставен мраз на десниот зглоб. Тоа е повредата поради која беше отсутен три месеци.

„Еден не изгледа добро. Се работи за повеќе од удар, тоа е местото каде што претходно беше повреден“, изјави Зидан.

Во следните часови ќе бидат извршени детални тестови по што точно ќе се знае тежината на повредата и дали и колку Азар ќе биде надвор од теренот.

Пред Реал Мадрид се две големи пресметки, во среда го пречекуваат Манчестер Сити во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а потоа исто така на свој терен играат против Барселона во нова Ел Класико пресметка.

Азар претходно беше во аут поради повреда од 27 ноември кога се повреди на дуелот со ПСЖ и отсуствуваше три месеци, откако се врати Реал Мадрид ремизираше со Селта и денеска загуби со Леванте.