24фудбал

Одложени три натпревари во Серија А поради коронавирусот

Откако во Италија почитна и втората личност од коронавирус, властите решија да одложат многу спортски натпревари меѓу кои и три меча од Серија А.

Италија

Натпреварите Интер - Сампдорија, Верона - Каљари и Аталанта - Сасуоло се одложени поради коронавирус.

Откажани се и многу натпревари од пониските лиги. Во одредени области се затворени и училишта и јавни установи.

„Министерот за спорт Винченцо Спадафора има намера да ги одложи сите спортски натпревари во регионот на Венето и Ломбардија“, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.