24фудбал

Коронавирусот одложи уште еден меч во Серија А, се бара чаре за дуелот Интер-Лудогорец а специјални насоки доби и Барса

Властите во Италија решија да одложат уште еден натпревар од Серија А поради коронавирисут, се бара чаре и за пресметката помеѓу Интер и Лудогорец во Лига Европа, а специјални насокои се испратени и до Барса за гостувањето во Неапол.

Италија

По два смртни случаи на лица заболени од коронавирусот, премиерот на Италија Џузепе Конте доцна синоќа одлучи да ги суспендира сите спортски настани планирани за во недела во областите Венето и Ломбардија.

Поради ова, беа одложени дуелите Аталанта-Сасуоло, Верона-Каљари и Интер-Сампдорија. Сега пристигна информација дека е одложен уште еден натпревар од Серија А, односно мечот помеѓу Торино и Парма.

Според Газета дело Спорт, виси и пресметката на Интер против Лудогорец во четврток. Се бара чаре за реваншот во Лига Европа, и се разгледува опцијата овој натпревар да се игра зад затворени врати наместо да биде одложен.

ЕСПН пак пренесува дека специјални насоки биле испратени до Барселона, „каталонците“ во понеделник треба да пристигнат во Неапол за дуелот со Наполи во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Секој член на експедицијата на Барса ќе мора да мине на термални камери, и доколку се покаже дека некој има покачена температура или настинка, ќе биде пренесен во болница како што налага протоколот. Па играчите на шампионот на Шпанија ќе треба да винимаат на своето здравје во следните 24 часа за да не го пропуштат мечот на Сан Паоло.