24фудбал

Реал Мадрид излезе со повеќе детали за повредата на Азар, ситуацијата е лоша

Реал Мадрид преку официјалната страна информираше за повредата на Еден Азар, тој со сигурност ги пропушта престојните две големи пресметки, а можеби и веќе ја заврши сезоната.

Шпанија

Реал Мадрид ќе биде без Азар против Манчестер Сити и Барселона, но и во следните натпревари.

Се работи за пукнатина во зглобот. Реал Мадрид излезе со првични детали, но очекуваат и уште информации.

„По направените тестови на нашиот фудбалер Еден Азар од медицинскиот тим на Реал Мадрид дијагностицирана е пукнатина во десната дистална фибула. Се чекаат нови информации“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Се уште не е соопштено колку точно ќе паузира, но се прогнозира дека најмалку два месеци ќе биде во аут, можеби и нема да се појави веќе на теренот оваа сезона.

Азар се повреди на синоќешниот меч против Леванте кој Реал Мадрид го загуби со 1-0.