24фудбал

Рудигер: Расизмот победи

Дефанзивецот на Челси признава дека бил разочаран од одговорот на неговите тврдења за расизам во декември, во меч против Тотнем, а истото се случи и викендов.

Англија

Дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер си постигна автогол во победата на својот тим против градскиот ривал Тотнем на домашен терен со 2-1, а Германецот вели дека расизмот победил, откако повторно се соочи со слични проблеми со навивачите на Тотнем како и во претходниот натпревар.

Рудигер тврдеше дека постоеле расистички навреди од гледалиштето на првата пресметка помеѓу обете екипи во Премиерлигата сезонава, поточно во декември, а таквите тврдења на фудбалерот го натераа Тотнем да биде под сомневање за кршење на анти-дискриминативниот протокол, односно за прв пат беше користен истиот протокол во најсилниот фудбалски шампионат на Островот.

„Спарси“ тогаш почнаа истрага за таквите тврдења на Рудигер, меѓутоа заедно со полицијата не наидоа на никаков доказ за обвинувањата од страна на 26 годишниот Рудигер, кој повторно се соочи со слични „напади“ од трибините.

Расизмот победи“ рече Рудигер во изјавата за германски „Скај Спортс“.

Се докажува победата со самото тоа што овие луѓе повторно можат да одат на стадион, тие нема да бидат казнети, а на крајот од денот јас сум чудовиштето“ додава тој.

Не станува збор за никакво предавање од моја страна по ова прашање, или дека повеќе не би го кревал гласот на оваа тема, секогаш ќе го правам тоа, но во моментов сум сам во оваа борба“ заклучи Рудигер.