24фудбал

Пандев влезе и изнуди пенал, Лацио ги однесе бодовите од „Луиџи Ферарис“ (ВИДЕО)

Горан Пандев одигра половина час против својот поранешен клуб Лацио, во финишот изнуди пенал, но тоа не беше доволно за Џенова да се спаси од пораз.

Италија

Лацио го држи чекорот со лидерот Јувентус, во еден од двата денешни натпревари кои ќе се играат во Серија А, „бјанкочелестите“ попладнево тримуфираа на „Луиџи Ферарис“ со 2-3.

Гостите поведоа по само 100 секунди, Марушиќ донесе 0-1. На стартот од вториот дел, Имобиле погоди за 0-2. Пет минути подоцна, Џенова се врати во игра, Касата пракрасно реалзираше и намали на 1-2. Сепал, Каталди во 71. минута одговори со иста мера, перфектно погоди од слободен удар и ја врати предноста на Лацио од два гола.

Џенова не се предаде, и во последните мигови од пенал намали на 2-3. Горан Пандев ја изнуди најстрогата казна, а Кришито прецизно биеше од белата точка. Домаќините се обидоа да се изборат за реми во судиското надоплнување, но не успеаја.

За Македонија добро е тоа што Горан Пандев се врати на терените и одигра половина час, напаѓачот минатиот викенд се пожали на повреда на коленото и ги вклучи алармите пред важниот дуел со Косово и баражот за ЕВРО 2020.