24фудбал

Гол, асистенција и МОТМ, Фернандеш блескаше во победата на Манчестер јунајтед над Вотфорд (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед скокна на позицијата број 5 на табелата откако попладнево со 3-0 го совлада Вотфорд пред своите фанови, јануарското засилување Бруно Фернандеш го постигна деби погодокот во Премиерлигата.

Англија

„Ѓаволите“ лесно се справија со Вотфорд, со головите на Фернандеш, Марсијал и Гринвуд, стигнаа до победа од 3-0. Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел, големото јануарско засилување, Фернандеш изнуди пенал и потоа погоди од белата точка за 1-0.

На стартот од вториот дел Вотфорд изедначи на 1-1, но голот беше поништен поради игра со рака на Доусон. Само неколку минути подоцна, Манчестер јунајтед отвори контра, Фостер во прв момент го спречи Марсијал, но Французинот во вториот обид лукаво биеше за 2-0.

Во 75. минута од мечот, Гринфуд распали неодбранливо за 3-0 на асистенција на Фернандеш, кој за одличната партија ја доби наградата МОТМ, односно беше избран за играч на мечот.