24фудбал

Драма во Ѓорче Петров и победа на „лавовите“ со пенал во 100-та минута, Шкендија се сопна кај Силекс

Шкендија одигра само 0-0 на гостувањето кај Силекс па Вардар сега има +10 на врвот на табелата, драматично и возбудливо беше во Ѓорче Петров каде домаќините со гол од пенал во 100-та минута ја совладаа Академија Пандев.

Македонија

Денешните натпревари од 18. коло во ПМФЛ донесоа неколку интересни пресметки. Во Кратово, Силекс и Шкендија одиграа 0-0 и му направија услога на лидерот Вардар, кој сега има +10 на врвот на табелата.

Во Ѓорче Петров имаше драматичеен и возбудлив финиш, беше досуден пенал во последните мигови и тоа на аистенција на четвртиот судија, откако главниот судија и неговиот помошник не видоа очигледно играње со рака. Блажевски во 100-та минута ја реализираше најстрогата казна и донесе победа за „лавовите“ од 1-0 над Академија Пандев.

На арената „Тодор Проески“, Работнички направи пресврт против Шкупи и стигна до значајни три бода во борбата за опстанок. Гостите поведоа пред крајот на првиот дел со голот на Исени, но Тошевски блесна во продолжението од мечот, два пати погоди и донесе триумф од 2-1.

На последниот натпревар, Ренова со 2-0 ја совлада Струга Трим Лум.