24фудбал

Во Италија фудбалот би можел да продолжи, но под еден услов

Во Италија ги разгледуваат сите опции за како да продолжат фудбалските активности во таа земја, преовладува една идеја, меѓутоа се чека одговорот од експертите во здравствените институции кои се чини го имаат последниот збор за таа идеја.

Италија

Коронавирусот за момент ја потресе и фудбалска Европа, особено Италија, каде се одложија четири од предвидените шест натпревари за вчера во рамките на 25 коло од „Серија А“.

Според зборовите на италијанскиот премиер Џузепе Конте, одложувањата во текот на вчерашниот ден нема да бидат последни, под знак прашаше е дали ќе се одигра идното коло, а во Италија се споменува и една идеја за тоа како би можеле да се одиграат натпреварите за идното коло кое е на програмата претстојниов викенд.

Сметам дека една седмица не е доволна за да се забави темпото на заразени, а со тоа да се продолжи со спортските настани, постојано ќе ја мониторираме ситуацијата, благодарение на експертите од таа област, а потоа ќе донесеме и конечна одлука по ова прашање“ изјави Конте.

Како и да е, „Газета дело Спорт“ утрово извести дека владата и министерот за Спорт во таа земја, Винченцо Спадафора работат на реализација на една идеја со што би се овозможило одигрување на предвидените натпревари, дури и во регионот на Италија кој е најзасегнат, но, единствено пред празни трибини.

Коронавирусот одложи уште еден меч во Серија А, се бара чаре за дуелот Интер-Лудогорец а специјални насоки доби и Барса

Во меѓувреме, тамошните медиуми јавуваат дека во куќата на фудбалот во Италија (ФИГЦ), подготвуваат конкретно барање до владата во барањето дозвола да се играат фудбалските натпревари без публика до почетокот на идниот месец, за да нема компликации во подготовките на „Аѕурите“ за Европското првенство годинава.

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Габина наводно веќе побарал детална анализа од здравствените институции да утврдат заедно дали има можност да се реализира идејата натпреварите да се играат без публика на трибините.

Не само „Серија А“, туку под посебни мерки ќе се играат и натпреварите од европските турнири, па така се очекува реванш пресметката помеѓу Интер и Лудогорец во Лига Европа да се игра без публика во четврток, под истите околности би требало да се игра и дербито на идното коло помеѓу Јувентус и Интер предвидено во недела.

Посебни насоки на организација добива и мечот помеѓу Наполи и Барселона предвиден да се одигра утревечер, па така експедицијата на гостите ќе бидат подложени на термални камери за да се утврди дали некој член од истата е позитивен на вирусот.