24фудбал

Ултрасите на ПСЖ упатија едно прашање до ѕвездите на тимот, Мбапе одговори, а потоа се „пишмани“ (ФОТО)

Младата ѕвезда се реши да возврати на критиките од ултрасите, меѓутоа брзо се предомисли и ја повлече објавата, која многумина веќе ја регистрираа, а истата секако стигна и до медиумите.

Франција

ПСЖ многу вложуваше во својот состав изминатите неколку години, меѓутоа сето тоа не донесе резултати на европска сцена, а дополнително, во осминафиналето од Лигата на шампионите налетаа на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ имаат доста респектабилен состав, а пред своја публика славеа со 2-1, а поразот наиде на реакција кај навивачите на ПСЖ, кои не се штедеа во своите критики дури ни против ѕвездите во тимот како Нејмар, или Мбапе.

Кумбуаре, Гино, Раи, тие имаа победнички менталитет. Силва, Мбапе, Нејмар – се плашите да победите? Покажете м*да“ гласеше пораката на навивачите на ПСЖ во мечот против Бордо викендов кој фаворитот го доби со 4-3.

Килијан Мбапе брзо им одговори на ултрасите на ПСЖ, па на социјалните мрежи ги запраша: „Се плашиме да победиме?“. Неговата објава потоа беше повлечена, но, секако остана забележана од јавноста.