24фудбал

Де Брујне: Доколку не ја освоиме ЛШ...

Сосема се логични очекувањата кај пошироката фудбалска јавност Манчестер Сити да фрли се' на една карта во Лигата на шампионите оваа сезона, иако првата пречка во нокаут фазата од тоа натпреварување воопшто не е наивна.

Лига на Шампиони

Во среда навечер се игра првата пресметка помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, за вторите мошне важна е оваа сезона во Лигата на шампионите, каде веројатно ќе фрлат сена една карта по двегодишната суспензија од европските натпреварувања која ја добија од УЕФА поради прекршување на правилата за финансискиот фер-плеј.

Во услови кога одбраната на титулата во Премиерлигата е веќе загубена, еден од најдобрите поединци во составот на Пеп Гвардиола, Кевин Де Брујне смета дека Манчестер Сити мора да ја освои титулата во Лигата на шампионите, за јавноста да не ги смета за неуспешни во тоа елитно европско клупско натпреварување.

Тоа е Реал Мадрид, освоија најмногу титули во Лигата на шампионите, повеќе од било која друга екипа, но, сметам дека ние треба само да си ја одиграме нашата добро препознатлива игра, како и секогаш, да играме офанзивен фудбал, да се обидеме да ги ставиме под притисок, да се обидеме да одиграме добар меч и секако доколку можеме да победиме“ изјави Белгиецот.

Доколку не ја освоиме Лигата на шампионите, сите ќе речат дека ние сме неуспешни како и претходните пет години, тоа е натпреварување каде се уште не сме ја подигнале титулата, ние секогаш настојуваме да освоиме сешто е можно, меѓутоа некој тим некогаш е подобар, или има подобри перформанси, како на пример тоа што го прави Ливерпул сезонава“ додаде Де Брујне.

Тоа е така и ние мораме да го прифатиме сето тоа, како и да признаеме како стојат работите на реална основа, но, ние одиме таму на победа“ заклучи ѕвездата на „Граѓаните“.